Култното скопското музичко трио „21Век” по од седум години од оформувањето, три студиски албуми и многу настапи надвор од државата, повторно се во Скопје. Во Котур со четири концерти се враќаат на домашната сцена и публика, пред кога велат секогаш е најтешко ама и најубаво да се настапува. По концертот во Денсинг салата на МКЦ на 1 септември 2023 година, ова е нивни прв поголем настап на домашната музичка сцена. А тоа колку таа го сака ова интересно музичко трио покажуваат и четирите продадени концерти.
„21Век” е бенд кој го сочинуваат тројца познати музичари од скопската алтернативна сцена: Васко Атанасоски („Бернајс пропаганда”, „ХаХаХа”, „FxPxOx”), Раде Јордановски („FxPxOx”) и Дени Крстев („Бернајс пропаганда”, „Фонија”, „My Tear”).
Музичкиот состав зад себе има три студиски албуми, „1” (2020), „2” (2020) и „Си нацртав живот“ (2021), а во моментов се подготовка на четвртиот албум.