Skip to main content

Научниците објаснуваат: Која е основната разлика меѓу аеросолите од уредите што загреваат тутун и чадот од цигарите?

Чадот од цигари содржи над 6.000 различни супстанции штетни за здравјето на луѓето, а најмалку сто од нив се поврзуваат со пациенти болни од рак. Дел од овие материи се добро познати токсични супстанции, вклучувајќи го и јаглерод моноксидот. Поради ова, голем број пушачи кои сакаат да се откажат од цигарите, минуваат низ прилично тежок период на апстиненција, а некои од нив имаат и повеќе обиди за да се справат со овој порок.

Експертите се согласни дека за оние кои сакаат да ја променат оваа навика, но не се подготвени целосно да се откажат од неа, важно е да бидат правилно информирани за тоа што содржат помалку штетните алтернативи на пушењето. Научниците велат дека дека постои значајна разлика меѓу класичните цигари и алтернативите, објаснувајќи ги основните разлики меѓу чадот што се појавува од горењето на тутунот и аеросолите што се појавуваат при користење уреди што само го загреваат, но не го горат тутунот.

  • Аеросолот што се ослободува при користење на уреди што го загреваат тутунот, изгледа како чад од тутун, но е значително различен по тоа што го содржи. Тоа е клучната разлика меѓу уредите за загревање тутун и традиционалните цигари – објаснуваат медицинските и истражувачките тимови.

    Тие објаснуваат дека аеросолот е комбинација од течни капки, цврсти честички и воздух. Чадот од тутун, од друга страна, содржи цврсти честички и илјадници други супстанции, меѓу кои и јаглерод моноксид, за кои е научно докажано дека се штетни за здравјето.

    Според експертите, многу е важно да се елиминира согорувањето на тутунот, бидејќи високите температури при неговото согорување доведуваат до ослободување на чад и пепел, а со тоа и до појава на споменатите штетни супстанции.

  • Кога ќе запалите цигара, нејзиниот врв достигнува температура од дури 800 степени. Од друга страна, уредите за загревање на тутун не го горат, туку го загреваат до температура од околу 350 степени. Во тој процес не се создава чад, туку аеросол и при таквото загревање се ослободуваат до 95 отсто помалку штетни супстанции во споредба со цигарите – објаснуваат експертите.

    Тим на токсиколози работеше на десетици студии што ги испитуваат чадот од цигарите и аеросолите од уредите за загревање тутун, кои резултираа со податоци што потврдуваат дека уредите за загревање се помалку штетни од консумирањето традиционални цигари. Нивите сознанија ги споделија со врвни експерти ангажирани во истражување и развој на научно базирани помалку штетни алтернативи на традиционалните цигари кои ги применуваат во пракса. Во овој контекст, уредите што го загреваат тутунот до одредена температура, без да го горат, добија одобрение за помала изложеност на штетни супстанции за време на употреба, од еден од најрелевантните здравствени регулатори во светот – Американската администрација за храна и лекови (FDA). ФДА ги класифицираше овие уреди во категоријата производи со „модифициран ризик“ (MRTP) и потврди дека нивната употреба значително го намалува производството на штетни и потенцијално опасни супстанции.

Поврзани вести