Skip to main content

Дојава за бомба во клуб во Сараево, итно прекинат концертот на Буба Корели и Јала Брат! Сите евакуирани од локалот

Настапот на босанските музичари Јала Брат (Јасмин Фазлиќ) и Буба Корели (Амар Хоџиќ) во клуб во Сараево бил итно прекинат. Сите гости биле брзо евакуирани од локалот откако настапот на Џала и Буба бил прекинат, а причината била – дојава за бомба.

Како што потврдиле од Оперативниот центар на МУП на кантонот Сараево , на терен биле испратени полицајци, поради дојава за бомба.

На крајот, по темелниот преглед се испоставило дека станува збор за лажна дојава на бомба, пренесува босанскиот портал „Кликс“.

Поврзани вести