Skip to main content

Во Зоолошката градина во Скопје се роди женка елен лопатар

Во Зоолошката градина во Скопје се роди женка елен лопатар, која е со специфична кафеава боја.

Неа од денес ќе можат да ја видат и посетителите на зоолошката.

Ова е прва принова кај нас по подолго време, па од Скопје ЗОО на Фејсбук споделија неколку фотографии за да го најават најновиот жител на зоолошката.

„Новиот жител на Скопје ЗОО ни донесе многу радост.

Преубава мала дама, од видот елен лопатар, со ретка кафеава боја, е најновата принова во скопската зоолошка
“, напишаа од Зоолошката.