
Универзитетската клиника за урологија стана регионален центар за две нови хируршки интервенции кои малку или воопшто не се изведуваат во регионот и со тоа ја отвора можноста пациенти од други држави да се лекуваат кај нас. Ова значи дека и во Македонија може да се развива медицинскиот туризам.
Д-р Башким Шабани е специјалист хирург – уролог, научен соработник на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Универзитетската клиника за Урологија која мината недела беше во фокусот на јавноста поради гестот на вработените на Клиниката кои се откажале од парите за службени мобилни телефони и купиле 18 клими за пациентите и две машини за перење алишта.
На Урологија беше промовирана новата, целосно реновирана болничка инфраструктура. Целосно е реновирано болничкото одделение со вкупна инвестиција од 300 илјади евра. Од оваа сума, 100 илјади евра се обезведени од фондовската сметка, 100 илјади евра преку донации, а останатите 100 илјади евра од сопствени средства на Клиниката.

Во интервју за „Република“ д-р Шабани говори за двете нови хируршки интервенции кои се скапи, а сега се покриени од Фондот за здравствено осигурување, за најавеното реновирање на Центарот за трансплантација на бубрези и на Центарот за калкулоза и што ќе значи тоа во лекувањето на пациентите со трансплантирани бубрези.
Добив четиригодишен мандат како директор и сакам заедно со стручниот тим постојано да работиме кон подобрување на условите за работа, унапредување на медицинските услуги и подигнување на квалитетот на здравствената грижа за нашите пациенти. Во рамки на клиниката, смената е организациски целата инфраструктура и имаме нова систематизација. Како новитет се две нови одделенија: Оделот за полуинтезивно лекување, кое е опремено по европски стандарди и оделот за базично и клиничко научно истражување и банка на ткива. Новитет е и креирање оддел за реконструктивна генитоуринарна хирургија, андрологија со функционална урологија каде спаѓаат пенилните протези и вештачките сфинктери, вели д-р Шабани во разговор за „Република“.
Неодамна, ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија официјално доби статус на лиценциран Центар за имплантација на пенилни протези. Што подразбира оваа процедура и кои пациенти се на приоритетна листа за една ваква интервенција?
Д-Р ШАБАНИ: Универзутетската клиника за урологија стана референтен центар за вградување пенилни протези (ригидни и семиригини протези) т.е.стана лиценцирана клиника. Станува збор за сложена интервенција, која се изведува само во најразвиените уролошки центри. Самиот тој факт налага одредена формална едукација и тренинг, која мора да се помине со цел лиценцирање на истата, како референрен центар за имлантација. Вградување на пенилна протеза се индицира кај пациенти со органска еректилна дисфункција, која не одговара на конзервативен третман, вклучувајќи пациенти по тешки хируршки интервенции особено после операции на простата или пациенти со разни деформации на пенисот.

Постојат ли строги медицински критериуми и кој одлучува на кој потенцијален пациент му е неопходна пенилна протеза?
Д-Р ШАБАНИ: Постојат строги критериуми за вградување на пенилни протези и секој случај се разгледува поединачно на стручен колегиум на Клиниката. Целта на имплантацијатa е враќање на сексуалната функција и подобрување на квалитетот на животот кај селектирани пациенти каде другите терапии се неуспешни.
Уште една хируршка процедура почна да се практикува на вашата Клиника, а тоа е имплантирање на артифициелни уринарни сфинктери. На кои пациенти им е неопходна една ваква хируршка процедура?
Д-Р ШАБАНИ: Да, освен пенилни протези, во нашата клиника започнавме и со вградување на артифициелни уринарни сфинктери. Овие сфинктери се поставуваат кај строго индицирани пациенти, односно кај лица кои поради одредени хируршки интервенции или како последица на други заболувања имаат изгубена контрола врз мокрењето. Досега овие пациенти конзилијарно ги праќавме на операција во странство.
Современата урологија претставува една од највозбудливите и најиновативни гранки во медицината, со постојан напредок во дијагностиката и третманот на уролошките состојби. Двете нови хируршки процедури се скапи интервенции, а кај нас целосно се покриени од Фондот за здравствено осигурување. За колку пациенти годишно се обезбедени бесплатни пенилни протези и уринатни сфинктери?
Д-Р ШАБАНИ: За ова календарска година обезбедени се 20 интервенции. Практично 20 интервенции за пенилни протези и 20 интервенци за артифициелен уринарен сфинктер. За наредната година според потребата од пациентите може тој број да се зголеми. Бидејќи и двете хируршки интервенции се многу скапи, многу е важно да се потенцира дека истите се бесплатни за пациентите и дека се плаќа само партиципација. Исто така, ние сме во заврша фаза на воведување на уште една процедура, а тоа е вградување на сакрални неуростимулатори. Оваа хируршка интервенција ќе биде покриена целосно од страна на Фондот. Досега и овие пациенти ги испраќавме во странство.

Дали тоа значи дека Клиниката станува регионален центар за овие две нови процедури и може ли тука да се лекуваат и пациенти од други држави?
Д-Р ШАБАНИ: Да, ние станавме регионален центар за овие две хируршки интервенци. Овие интервенци се изведуват само во специјализирани европски центри по реконструктивна урологија и многу малку или воопшто не се изведуват во регионот. На овој начин ја отвараме можноста за медицински туризам и даваме можност на пациенти од други држави да ја добијат таа медицинска услуга кај нас.
Со какви капацитети располага Клиниката, во однос на персонал, опрема и простории? За помалку од една година на Клиниката се вработени 22 медицински сестри, болничари и хигиеничарки, кои претходно работеа преку договор на дело. Во време кога сите јавни здравствени установи кубурат со персонал, колку е важно медицинскиот кадар да се задржи во земјата?
Д-Р ШАБАНИ: Во моментов имаме доволен персонал за да функционираме како што сме планиравме. Пред еден месец доделивме 22 решенија за вработување на неопределено време, кои претходно беа со договор на дело и тоа се однесува на среден персонал и еден доктор кој беше на приватна специјализација. Сега имаме доволен број на кадар за да можеме да функционираме според потребите на пациентите. Пред неполна година кога бев назначен како директор на клиниката, сите оние, кои беа со договор на дело им ветив дека ќе им доделам решение, и за кусо време тоа го реализиравме. Верувам дека на тој начин допринесовме овие млади луѓе да останат работат и да живеат во својата држава, и тоа во време кога постои недостаток од медицински перонал од сите нивоа.

Неодамна беше завршено комплетно реновирање на болничкото одделение на Клиниката за урологија. Колку чинеше инвестицијата и што се е сторено? Ретко може да се чуе дека вработени се откажале од привелигии во корист на пациенти, а токму тоа се случи на вашата Клиника. Значајно е да се истакне дека вработените на Клиниката се откажаа од субвенциите за службени мобилни телефони и со тие средства, набавивте машини за перење алишта и клима уреди во собите на пациентите. Кажете ни нешто повеќе за ова?
Д-Р ШАБАНИ: Да, целосно е реновирано целото болничко одделение. Севкупната инвестиција чинеше околу 300 илјади евра, од кои, 100 илјади евра беа донации, 100 илјади евра беа потрошени од сопствена сметка и 100 илјади евра од буџетска сметка. Сите соби се уредени по терк на најмодерните европски болници опремени со клима уреди, ЛЦД телевизори, прочистувачи на воздух и нови тоалети. Точно е и тоа дека едногласно целиот раководен стручен тим се откажа од службени мобилни апарати. Имавме субвенции од околу 500 илјади денари, и јас заедно со претседателот на Управниот одбор проф. д-р Огнен Ивановски одлучивме наместо нови мобилни телефони да земеме 18 клима уреди и две машини за перење на алишта. Свесен сум дека денес климатизацијата веќе не претставува луксуз, туку неопходност. Но од искуство можам да кажам дека порано, кога немаше вакви услови, се среќаваа значително повеќе инфекции и други компликации кај пациентите.

Какви се плановите за унапредување на услугите и условите во претстојниот период? Најавено е реновирање на Центарот за трансплантација на бубрези и на Центарот за калкулоза. Какво олеснување ќе биде тоа за пациентите со трансплантирани бубрези? Што ќе значи тоа во нивното лекување?
Д-Р ШАБАНИ: Следно е планирано реновирање на Центарот за трансплантација на бубрези и центарот за калкулоза. Овој простор претходно се користеше како КОВИД центар и оттогаш е надвор од функција. Знаете дека кај нас во просек се прават и околу 25-30 трансплантации на бубрег од жив дарител и околу 10 тина кадаверични трансплантации (од починат дарител). Овие трансплантирани пациенти задлужуваат подобар престој и нега кај нас. Планираме да се направи и уште една оперативна ендоскопска сала, со која бројот на операци ќе се зголеми на годишно ниво за околу плус 2000 операции.
Колку пациенти годишно се лекуваат на Клиниката и дали има доволно стручен кадар и како се решаваат евенуталните недостатоци?
Д-Р ШАБАНИ: Во наша клиника вработени се 14 специјалисти и тројца специјализанти. Годишно се прават околу 6.000 операции и 30.000 прегледи. Во моментот располагаме со доволен број кадар, што ни овозможува навремено да ги реализираме сите планирани операции и целосно да одговориме на потребите на пациентите од целата држава.
Што Вас ве мотивира во работата и како директор и какоспецијалист хирург – уролог и научен соработник на Медицинскиот факултет?
Д-Р ШАБАНИ: Добив четиригодишен мандат како директор и сакам заедно со стручниот тим постојано да работиме кон подобрување на условите за работа, унапредување на медицинските услуги и подигнување на квалитетот на здравствената грижа за нашите пациенти. Во рамки на клиниката, смената е организациски целата инфраструктура и имаме нова систематизација. Како новитет се две нови одделенија: Оделот за полуинтезивно лекување, кое е опремено по европски стандарди и оделот за базично и клиничко научно истражување и банка на ткива. Новитет е и креирање оддел за реконструктивна генитоуринарна хирургија, андрологија со функционална урологија каде спаѓаат пенилните протези и вештачките сфинктери.
Мојата мотивација доаѓа од секојдневните разговори со раководниот тим за тоа како можеме да бидеме подобри и пред се, од можноста да им обезбедиме на пациентите подостоинствен престој на клиника и медицински третман според најсовремените европски стандарди. Сметам дека унапредувањето на клиниката треба да е континуиран процес без свој почеток и крај.

Дали има некој пациент или случај што особено ви останал во сеќавање?
Д-Р ШАБАНИ: Пред две недели опериравме пациент кој ми кажа: „Директоре многу сум задоволен од условите и од персоналот. Имам лежено на ова одделение и претходно, во истата соба и на истиот кревет, но сега се е комплетно сменето, едвај ја познав собата.

Покрај сериозните професионални предизвици, наоѓате ли време за вашето семејство, сопруг сте на Шпреса Куртиши Шабани, магистер по педагошки науки и докторант и татко на четири деца?
Д-Р ШАБАНИ: Да Шпреса Куртиши – Шабани е моја сопруга со која веќе 21 година сме во брак. Имаме 4 деца, три ќерки и еден син, кој е најмал во семејството. Мојата сопруга е магистер по педагошки науки и е при крај со докторските студии, до крајот на годинава треба да ја брани докторската десертација. Големата ќерка заврши прва година на Медицинскиот факултет, втората ќерка е матурантка и двете најмали деца се ученици во основнно одделение.
Александра М. Бундалевска
фото: Приватна архива