Skip to main content

ЈСП Скопје: Жичницата на Водно има валиден сертификат за работа до септември 2025 година

По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се створи паника околу безбедноста на жичницата. Жичницата има валиден сертификат за работа до 24.09.2025 година. Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис, информираат од ЈСП Скопје во соопштение испратено до медиумите.

Исто така денес е направен вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој исто така не беа констатирани технички недостатоци, односно беше констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.

Фото: ЈСП Скопје

Ве известуваме дека безбедноста е по сите пропишани стандарди и по завршување на тековниот сервис кој се врши месецов се гледаме, на падините на Водно и граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата, се вели во соопштението на ЈСП Скопје.

Поврзани вести