Skip to main content

Диета со јајца, се топат 10 килограми за две недели

Фрипик

Bright side објави диета со која тврдат дека за 14. дена можат да се истопат и 10. килограми, но има неколку едноставни правила.

Во текот на диетата која има малку намирници потребно е да се пијат 8. до 10. чаши вода, за да се ослободите од токсините во телото и обидете се половина час, секој ден, да вежбате, за подобри резултати.

Потребно е да се следат уште неколку правила:
– без брза храна
– без зашеќерени пијалоци
– без алкохол
– без сол и шеќер

Диета:
Прва недела – појадокот е ист во сите седум дена и се состои од две варени јајца и една овошка (портокал или грејпфрут)

Понеделник:
Ручек: два слатки компири и две јаболки
Вечера: голема чинија со салата и пилешко

Вторник
Ручек: пилешко со салата
Вечера: две варени јајца, салата, една овошка (портокал или грејпфрут).

Среда:
Ручек: две парчиња сладок компир, ниско калорично сирење (по избор) и домат
Вечера: салата и пилешко

Четврток:
Ручек: овошје – јаболки
Вечера: пилешко и салата

Петок:
Ручек: варен зеленчук и два варени јајца
Вечера: салата и риба на скара

Сабота:
Ручек: овошје
Вечера: пилешко и варен зеленчук

Недела:
Ручек: салата од домати, варен зеленчук и варено пилешко
Вечера: варен зеленчук

Во втората недела појадокот е ист како и првата – две варени јајца и портокал или грејпфрут
Понеделник:
Ручек: салата и пилешко
Вечера: еден портокал, салата и две варени јајца

Вторник:
Ручек: две варени јајца и варен зеленчук
Вечера: салата и риба на скара

Среда:
Ручек: салата и пилешко
Вечера: еден портокал, салата и две варени јајца

Четврток:
Ручек: варен зеленчук, нискокалорично сирење и две варени јајца
Вечера: пилешко и салата

Петок:
Ручек: салата и сардини
Вечера: салата и две јајца

Сабота:
Ручек: пилешко и салата
Вечера: овошје по избор

Недела:
Ручек: варен зеленчук и пилешко
Вечера: исто како за ручек

Диетата воопшто нема јагленихидрати и тоа е една од причините зошто е успешна.
Како и да е морате да се консулитирате со лекар пред да ја започнете диетата.

Поврзани вести