Skip to main content

Похувани солени палачинки – ќе ги приготвите брзо и лесно

Брзо оброк кој се приготвува многу едноставно, заситува и многу е вкусен

Состојки:
За палачинките:

6 лажици брашно
1/2 лажиче шеќер
1/2 лажиче сол
1 цело јајце
1/2 кесичка прашок за печиво
млеко по потреба

За филот:

парчиња шунка
парчиња кашкавал
оригано
100 г ситно сирење
50 г путер


За похување:

1 цело јајце
малку сол
млеко по потреба
брашно по потреба
лебни трошки по потреба

Приготвување:
Изматете јајце, па додајте брашно, шеќер, сол, прашок за печиво и додајте млеко колку што е потребно за да се измати смеса со средна густина. Пржете ги палачинките една по една, од двете страни, па ставете ги на страна да се ладат.

На секоја палачинка премачкајте малку путер, па редете кашкавал и шунка и додајте оригано по вкус. Завиткајте ги палачинките по желба, како ролнички или како пакетчиња.

Забодете ги рабовите на палачинките со чепкалка, па потопете ги најпрво во посолена мешавина од јајца и млеко, па во брашно и лебни трошки и потоа спуштајте ги во врело масло да се пржат. Пржете ги колку да сменат боја, односно додека кашкавалот во нив почне да се топи.

Редете ги на хартиена салвета да се исцедат вишокот маснотии.