Skip to main content

Македонските кошаркарски јуниори трети одзади на ЕП

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди опстанок во А-дивизија на Европското првенство.

Попладнево во Белград, во мечот за 13. место, Македонија загуби од Бугарија со 90:87 и на следното Европско првенство за кошаркари до 18 години ќе игра во Б-дивизијата.

Пресудни за поразот од Бугарите беа лошите неколку минути на почетокот на  последната четвртина во која противникот направи двоцифрена недостижна предност. 

Младите македонски кошаркари првенството во Србија го завршуваат со пет порази и само една победа, онаа вчерашната против Белгија, недоволна за опстанок во елитата.

Покрај Македонија, А-дивизијата ја напуштаат и Шведска и Белгија

Поврзани вести