Skip to main content

Скопје го преживеа земјотресот и поплавата – денес му треба повеќе грижа

На 13 ноември 1944 година Скопје беше ослободено. Осумдесет и две години подоцна, овој датум е повод да се потсетиме на истрајноста на градот и на луѓето што низ децениите го граделе и повторно го кревале на нозе.

Скопје преживеа војни и големи промени, катастрофална поплава, а потоа и земјотрес што го разурна. Од урнатините повторно се издигна, благодарение на своите жители и на солидарноста што го обиколи светот. Градот се менуваше, растеше и ги пречекуваше новите генерации, но секогаш ги носеше трагите на сето што го преживеал.

Денес често му забележуваме. Многумина со право зборуваат за градежната инвазија, за бетонските згради и за просторот што сè повеќе им недостига на луѓето, забележуваат на зградите што му го одземаат воздухот, на улиците во кои сè потешко се препознаваме. И тие забелешки се дел од љубовта кон Скопје. Зашто не ни е сеедно што му се случува. Љубовта кон Скопје не значи да молчиме за неговите проблеми. Напротив – значи да сакаме градот да биде подобро место за живеење, со повеќе зеленило, повеќе воздух и повеќе почит кон неговата историја и кон луѓето што го прават жив. Го сакаме доволно за да сакаме да биде почовечко, позелено и поубаво место за живеење.

Скопје не се само плоштадите и фасадите. Тоа се нашите маала, детските гласови, утринското кафе, Водно над градот, Вардар што тече низ него и спомените што ги носиме по неговите улици. Скопје е дом – несовршен, понекогаш тежок, но наш.

На 13 Ноември му оддаваме почит на Скопје и на сите што се бореле за неговата слобода, го обновувале и продолжуваат да веруваат во него.

Скопје го сакаме. И затоа сакаме да го зачуваме.

Честит Ден на ослободувањето на Скопје!

Поврзани вести