
По повод 13 Ноември, ослободување на град Скопје и одбележувањето на денот кога, во 1970 година, беше отворена новата зграда на Музејот на современата уметност – Скопје, од Музејот соопштуваат дека денеска влезот е бесплатен.
Ве покануваме да нè посетите и одблизу да ја почувствувате приказната за уметноста, солидарноста и заедништвото. По тој повод, влезот во Музејот денес е бесплатен за сите посетители. Дојдете да ја запознаете нашата колекција, да ја доживеете архитектурата на овој уникатен простор и да бидете дел од приказната што Скопје ја споделува со светот веќе повеќе од шест децении, соопштуваат од МСУ.

Македонски



