Skip to main content

„Меѓу насмевките и солзите“ – концерт на Soundscape Trio на Есенски музички свечености

На Фестивалот Есенски музички свечености кој е во тек, во понеделник, на 16 ноември ќе се одржи концертот „Меѓу насмевките и солзите“ на Soundscape Trio, кој ќе се одржи во 20 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар) Скопје.

Камерниот состав Soundscape Trio носи музичка средба на тројца уметници обединети преку заедничката посветеност на камерната музика и истражувањето на нејзините разновидни звучни и изразни можности.

Составен од кларинетистот Андрија Минчиќ, фаготистот Тадија Минчиќ и пијанистот Никола Цветковиќ, триото ја гради својата уметничка препознатливост преку спојот на индивидуалните изведувачки квалитети, камерната комуникација и богатото меѓународно концертно искуство на своите членови.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Поврзани вести