Skip to main content

Со свечен концерт „60 години ФМУ Скопје“ се отвораат Есенските музички свечености

На 11 ноември, во среда, во концертната сала на Факултетот за музичка уметност –Скопје, со почеток од 20 часот, ќе биде отворено 27то издание на фестивалот „Есенски музички свечености 2026“. Фестивалот, годинава ќе биде отворен со свечениот концерт „60 ГОДИНИ ФМУ СКОПЈЕ“ во изведба на студентите при Факултетот за музички уметности, а повторна изведба ќе има и на 23ти ноември, во понеделник, во 20 часот на истата локација во Скопје.

Пет концертни вечери, различни музички состави и уметнички интерпретации ќе го одбележат годинешното издание на „Есенски музички свечености“, традиционално во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје-Скопско лето.

На 16 ноември, понеделник, во Културно-информативниотн центар – КИЦ, Салон 19:19, 20 часот, камерен концерт, ќе одржи SOUNDSCAPE TRIO од соседна Србија, а концертот е насловен како „МЕЃУ НАСМЕВКИТЕ И СОЛЗИТЕ“. Триото е во состав Андрија Минчиќ – кларинет, Тадија Минчиќ – фагот и Никола Цветковиќ – пијано.

На 25 ноември, среда, во Салонот 19:19 на КИЦ, во 20 часот, на програмата е концертот „СОНАТНИ ПРИКАЗНИ“ на дуото Зоран Станишиќ – пијано и Стефан Котевски – виолина, а како гости ќе настапат: Јосипа Василевска – флејта
и Злате Огњановски – фагот.

26 ноември, четврток, во Културно-информативен центар – КИЦ, Салон 19:19, 20 часот, последната фестивалска вечер, подиумот е резервиран за солистичкиот концерт на Хатиџе Салиева – виолина, а музичката тема е вечна „ЧЕТИРИТЕ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“ од Антонио Вивалди.

Поврзани вести