Skip to main content

Саем „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ утре во Градскиот парк во Скопје 

Фејсбук на „Жта“

„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, е мотото на саемот што утре ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, во организација на здружението „Ж`та“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од Министерството информираат дека на настанот ќе се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. 

,,Ж’та” е здружение на македонски ракијари од Кавадарци, посветени на зачувување и негување на македонската традиција, домашната ракија и богатото културно наследство. 

Од здружението, пак, соопштуваат дека целодневната манифестација е со почеток од 10:00, па сè до 16:00 часот, на „Школка“.

На саемот со свои производи ќе се претстават производители на мед, вина, дестилерии, на овошје, конзервиран зеленчук, домашни преработки и млечни производи од цела Македонија. Исто така, учествуваат индивидуални и регистрирани земјоделци, семејни задруги, семејни винарии и дестилерии – појаснуваат од ,,Ж’та”. 

Оттаму споделуваат дека очекуваат бројни гости од земјава и странство, ќе може да се дегустира и да се купи, се најавуваат и богата музичка програма и содржини за најмладите. 

Поврзани вести