
Пет лица, меѓу кои и петгодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 21:50 часот била пријавена на регионален пат Струмица-Берово, во правец од с.Дабиле кон с. Петралинци, струмичко.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд “ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.А.(32) од село Хамзали, струмичко и патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.С.(49) од село Свидовица, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди со здобиле возачот З.А. и сопатниците од патничкото возило „цитроен“ Ш.А.(75) и Д.А.(72), двајцата од село Петралинци, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и петгодишно дете, сопатник од патничкото возило „форд“, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.