
Пржените лепчиња се омилениот појадок или вечера на многумина, но ретко кој ги знае триковите за совршен вкус и крцкавост. Дознајте како ги приготвуваат искусните домаќинки – како им излегуваат крцкави на рабовите, а меки и воздушести во средина, како да не се премногу масни, но ни суви, ниту да бидат препржени или недоволно пржени…
Сето тоа се должи на внимателното приготвување, трпението и триковите на искусните мајстори, кои ви ги откриваме во продолжение. Па, ако пржените лепчиња ви излегуваат тегави, загорени или живи – еве каде грешите и како да го поправите тоа.
Премногу тенко го сечете лебот
Ако парчињата се претенки, лебот лесно може да се распадна бидејќи смесата од јајца е „тешка“. Парчињата треба да бидат со дебелина од околу 1 и пол сантиметар.
Користите тазе леб
Секогаш подобро е да користите леб кој стоел барем еден ден.
Ги пржите на путер
Путерот гори на високи температури, па многу подобро е да користите растително масло.
Не користите млеко
Иако тоа не е вообичаена пракса кај нас, пржената храна, сепак, е многу повкусна кога во мешавината со јајца ќе се додаде млеко, и тоа полномасно!
Користите премногу јајца
Груба формула за приготвување на смесата од јајца е на две парчиња леб да користите четвртина шолја млеко и едно јајце.
Ги заборавате зачините
Прстофат ким, бибер или малку пармезан во смесата ќе направат ремек-дело од обичните пржени лепчиња, а ако сакате да приготвите слатка верзија, додајте цимет, ванила или шеќер во прав.
Нетрпеливи сте
Маслото мора да биде врело за да не впијат лепчињата премногу масти. Печете ги на средна температура по неколку минути од секоја страна.
Извор: Убавина и здравје