Skip to main content

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

Владата донела одлука за прогласување кризна состојба од 30 дена заради зголемена појава на пожари, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката Марија Митева.

Одлуката била донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за кооринација и управување со системот со кризи поради сложеноста на теренот и високите температури.

Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институциа: Армијата, полицијата, противпожарната заштита, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресусрси, човечки, технички, логистички, се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече Митева, додавајќи дека Ввадата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја, со цел спречување на поголеми последици.

Митева ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.

Поврзани вести