Skip to main content

Бугарски европратеник со амандман ќе се обиде да го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен, Мицкоски вели дека живковизмот е уште присутен во Софија

Фрипик

Бугарски европратеник со амандман ќе се обиде да го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен, а не како што е тоа наведено во извештајот на известителот за Македонија Томас Вајц како многувековен.

Премиерот Мицкоски вели дека жали што пратениците од нашиот источен сосед настапуваат со ваква реторика, која го враќа времето на живковизмот. Тој додава дека Македонија нема да реагира со остра реторика, туку ќе биде изразено жалење и ќе се повика на добрососедски односи, како што тоа го прават европските земји.

Но она што повеќе мене ме загрижува е обидот на еден европратеник кој што доаѓа од владејачката ГЕРБ да вметне амандман во кој што македонскиот идентитет ќе го дефинира како „present“ на англиски или сегашен, со што јасно ја вади на површина политика на живковизмот која што за жал е се уште жива кај политичарите во Софија, рече Мицкоски.

Поврзани вести