
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром, соопшти РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од Булеварот „Видое Смилевски Бато“, делот кај што се вкрстува „Фебруарски Поход“ карши „Рамстор“ во Ново Лисиче во Општина Аеродром.