Skip to main content

Утре неколку села во Скопско ќе останат без струја седум часа

Фото: МИА

Утре поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, без струја ќе останат корисници од делови на општините Студеничани и Аеродром.

Од 8:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата Вртекица, Рамни Габер и Пагаруша, како и дел од Долно Количани, во општината Студеничани. Прекинот во Долно Количани ќе ги опфати корисниците кои се напојуваат од трафостаницата „Долно Количани 2“ – Долно Маало Поле.

Во општината Аеродром, најавен е прекин во напојувањето на улицата „Христо Татарчев“, кој ќе трае од 9 до 14 часот.

Поврзани вести