Skip to main content

Гази Баба утре шест часа без струја

Freepik

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре (4 ноември) неколку скопски општини ќе соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Во општина Гази Баба, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од улиците „Никола Киров Мајски“ и „Благоја Стефковски“. Прекинот е поради планирани активности во трафостаниците „Маџари 18“ и „Маџари 19“, кои опфаќаат чистење, проверка на расклопната опрема и долевање масло во кабловските глави и трансформаторот.

Во општина Сарај, од 09:00 до 10:00 часот, струја ќе немаат дел од потрошувачите лоцирани зад џамијата, односно на улиците „1“, „3“ и „5“.

На територијата на општина Кисела Вода, прекин е најавен во периодот од 09:00 до 12:00 часот, поради планирани интервенции на улица „Саса 2“.

Поврзани вести