Skip to main content

Наскоро ќе се знае кој го испратил заканувачкото писмо во канцеларијата на претседателката Сиљановска Давкова, најави Тошковски

Министерството за внатрешни работи постапува во насока на целосно разоткривање на случајот со заканувачкото писмо во канцеларијата на претседателката Сиљановска Давкова, информира денеска Тошковски.

Министерот рече дека МВР и Јавното обвинителство наскоро ќе излезат со информација за случајот.

Имам информација за лицето кое е приведено. МВР ги презеде сите потребни чекори во врска со осмниченото лице постапуваме во насока на целосно расчистување на случајот и мислам дека за многу кратко време ќе излеземе со информација, изјави министерот.

Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по што е приведен 46 годишен маж лоциран преку видео-надзор. Содржината на писмото засега не се открива, ниту е познато нон кого биле упатени заканите.

Поврзани вести