Skip to main content

МЕПСО бара двојно поскап пренос на струја, ќе се зголемат ли сметките од јануари?

Државниот електропреносен оператор МЕПСО побара зголемување на цената за пренос на струја за речиси 98 отсто од јануари 2027 година. Доколку Регулаторната комисија за енергетика во целост го прифати барањето, просечните сметки на домаќинствата ќе пораснат за четири до пет проценти само по овој основ. За семејство со вообичаена потрошувачка, тоа претставува директен дополнителен трошок од околу 140 денари секој месец.

Барањето доставено до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на 16 октомври предвидува сегашната преносна тарифа од 0,3018 денари за киловат-час да се зголеми на 0,5966 денари. Ова значи разлика од 0,2948 денари по киловат-час.

МЕМО не бара промена на цената на својата услуга, додека Електродистрибуција сè уште нема доставено конкретно барање, бидејќи не е завршен тендерот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во мрежата.

Сепак, најголемо влијание врз цената што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари ќе има понудата на ЕСМ, а во моментов, компанијата ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум по цена од 65 евра за мегават-час.

Инаку, главната услуга на АД МЕПСО (Македонски електропреносен систем оператор) е пренос на електрична енергија преку високонапонската мрежа во Македонија и управување со електроенергетскиот систем.

Поврзани вести