
Меѓународните инвеститори почнаа масовно да бараат руски акции откако почнаа разговорите меѓу Русија и САД, пишува „Блумберг“.
Според изданието, инвеститорите купуваат „сè што има и најмала врска со Русија“. Тие купуваат руски државни обврзници на аукции по знаците на затоплување на односите меѓу Русија и САД.
Неодамнешните пласмани на руското Министерство за финансии на аукции за пласман на федерални обврзници (ОФЗ) биле најголеми, барем од почетокот на 2022 година.

Во последните три продажби, руската влада продала 608 милијарди рубљи (6,9 милијарди долари) обврзници со фиксни купони по номинална вредност, што е 60% од планираниот волумен за целиот прв квартал, покажуаат пресметките на „Блумберг“ врз основа на податоците на министерството.

Како што коментира медиумот, Русија го финансира буџетскиот дефицит со пласирање на ОФЗ.
Исто така, по почетокот на преговорите меѓу Русија и САД почна да зајакнува и курсот на руската рубља.