Skip to main content

Врвна светска женска проза на руски

Во Москва пред Меѓународниот ден на жената излезе од печат збирка раскази под наслов „Со неjзини зборови“. Книгата содржи кратка проза на жени-писателки од 16 земjи (Австриjа, Велика Британиjа, Унгариjа, Венецуела, Германиjа, Шпаниjа, Италиjа, Канада, Кина, Куба, Македониjа, САД, Турциjа, Франциjа, Шваjцариjа, Jапониjа).

Збирката jа обjави АСПИР (Асоциjациjа на друштвата на писатели и издавачи на Русиjа). Во предговорот издавачот истакнува дека авторите на збирката се жени од разни епохи и континенти, претставници на разни култури. Родени се во XIX и XX век во Европа, Азиjа, Америка… Тоа се како врвни, признаени во целиот свет писателки, така и тие кои во последно време го засилуваат гласот. Ова е проза на паметни, разумни и образовани жени. На над 500 страници во книгата тие водат разговор – помеѓу себе и со нови читатели кои можат да стекнат благодареjќи му на преводот.

Расказите ги обединува не темата, туку ракурсот – посебен психологизам, внимателно набљудување на животот и прецизно човекопознавање.

Во книгата се застапени македонските жени-писатели Jагода Михаjловска-Георгиева со расказот „Тибетец“ (оригинален наслов „Препознавање“) и Оливера Ќорвезироска со расказот „(С)плетение слов“ („(С)плетен расказ“) во превод на руски на Олга Панкина.