
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со раководството на МВР денеска беше во Штип како дел од низата настани од иницијативата „До Вас, за Вас“, со која се покажува посветеноста за доближување на полицијата до граѓаните.
Граѓаните заслужуваат да се чувствуваат безбедно и да имаат доверба во својата полиција. Преку заедничко дружење и активности на полициските службеници со граѓаните се унапредува комуникацијата а со тоа и взаемната доверба дека полицијата и припаѓа на заедницата и е посветена кон нејзината безбедност. Взаемната доверба и креираните врски меѓу полицијата и граѓаните се влог во долгорочна безбедност и стабилност кои се предуслови за благосостојба кај граѓаните и целото општество. Ќе продолжиме да ги отвораме вратите на полицијата за граѓаните и заедно да ги решаваме сите предизвици -, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски нагласи дека целта на оваа иницијатива е да се покаже дека полицијата е секогаш тука меѓу граѓаните – за граѓаните и преку дружба и комуникација со граѓаните се креираат взаемни врски на доверба меѓу граѓаните и полицијата.