Skip to main content

Судењето против Кристијан Корабоски закажано за 27 ноември

Судењето против Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, е закажано за 27 ноември, потврдија од Основниот суд во Охрид. Рочиштето е закажано, откако Судот на предлог на Обвинителството, вчера му одреди 30 дневен притвор на Корабовски.

Во текот на вчерашниот ден од страна на Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охриде поднесен обвинителен предлог со посебен предлог за определување мерка притвор против обвинетиот К.К. од Охрид, за кривични дела „Телесна повреда“ „Противправно лишување од слобода“ и „Загрозување на сигурноста“. По повод посебниот предлог за определување мерка притвор надлежен судија на Основниот суд Охрид пред почеток на главната расправа во текот на вчерашниот ден одржа рочиште и по испитување на странките донесе Решение а со кое спрема обвинетиот К.К. од Охрид е определена мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и опасност од повторување на кривичните дела. По поднесениот обвинителен предлог заради итноста на постапката е закажана главна расправа за ден 27.11.2026 година во 11,00 часот“, соопштуваат од Судот и додаваат дека „како за сите останати предмети и за овој ќе обезбеди транспарентост во законски рамки“.

Поврзани вести