Skip to main content

Првите 12 километри од автопатот Прилеп – Битола ќе бидат пуштени во 2027 година

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола Бојан Бојкоски остварија средба со стручен тим на „Бехтел и Енка“, предводен од проектниот менаџер Ашвин Рао, кои ја вршат изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

Од Секторот за односи со јавност на Општина Битола инфомираа дека една делницата во должина од 12 километри ќе биде пуштена за сообраќај во 2027 година, бидејќи тогаш ќе се работи на делницата пред Битола, а до крајот на 2028 година ќе бидат асфалтирани 28 километри од посочениот автопат.

Фото: Општина Битола

Тимот на „Бехтел и Енка“ најави завршниот дел од автопатот да се реализира пред влезот во градот Прилеп, а во меѓувреме да се решат одредени состојби со експропријација и дислоцирање на постоечка инфраструктура.

Пелагониските општини Битола и Прилеп наскоро ќе организираат и саем за вработување на лица кои имаат намера да бидат ангажирани во изградбата на автопатот во овој дел од земјата.

Поврзани вести