
Повеќе нема да биде битно дали насилникот е сопственик на домот или не, доколку полицискиот службеник кој интервенира процени дека има ризик, ќе може со усна наредба да го отстрани, откри министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој на денешниот брифинг за новинарите ги сподели предложените измени за Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кои веќе се доставени до Собранието и за кои се надева дека во најбрз рок ќе бидат усвоени.
Согласно законските измени што ги предложуваме, доколку полицискиот службеник на лице месо, согласно проценка на ризик и сè што е по процедура, утврди дека постои сериозен ризик дека жртвата може да биде предмет на семејно насилство, ќе може да донесе итна мерка, усна наредба, да го отстрани од домот на 48 часа, дури и сопственикот на домот, објасни тој.
Полицискиот службеник изрекува итна мерка и го отстранува од домот потенцијалнот населник. Велам – потенцијалнот насилник. Ако е насилник, оди на друго месо. Ова се случаи каде немаме елементи да докажеме, па да предлагаме до јавниот обилител, па тој потоа да побара од судот, па судот да изрече дека треба да се отстрани. Не, кога немаме докази полицискиот службеник носи одлука, издава усна наредба, а во рок од шест часа му се дава и писмена наредба. За оваа одлука за отстранување од домот веднаш се известува жртвата и Центарот за социјални наредби, а со писмената наредба од судот се бара продолжување на мерката. Судот ќе одлучи дали таа мерка ќе ја продолжи од 48 часа на 30 дена, oбјасни Тошковски.
Откако ќе биде донесен законот, ќе има и подзаконски акти, едукација за полициските службеници, ќе биде вклучено и искуството од меѓународните партнери…Сè на сè долг процес, во кој крајна цел е поголема заштита на жртвите.
На прашањата на дел од новинарите каде ќе оди лицето отстрането од својот дом, тој рече дека има уште детали на кои ќе се работи, но дека најбитно е да се заштитат жртвите. Ако полициските службеници добијат овластувања за побрза интервенција, ќе се зајакнат и механизмите за постапување во случаите на семејно насилство.
Што штитиме? Право на сопственост или право на живот? Не знам за вас, но јас кога мерам ги носам одлуките кон појакото право, рече Тошковски.

Македонски



