Skip to main content

Битола гори, гостува Гумерсбах

 Ракометарите на македонскиот претставник во ЕХФ Лига Европа битолски Еурофарм Пелистер вечерва го играат дуелот од 4.коло во групата, а гостин е бундеслигашот Гумерсбах. Германскиот тим во Битола доаѓа како лидер на групата со четири бодови, додека битолчани имаат само еден бод и од таа причина победата е голема желба на сите во клубот.

–   Мислам дека не треба да си ставаме никаков притисок за овој натпревар. Во нашата сала, пред наши гледачи, ние секогаш ќе го даваме нашиот максимум и секако дека се стремиме кон најдобар можен резултат. Гумерсбах игра во најсилната лига на светот. Мислам дека се и еден од најдобрите тимови во таа Бундеслига. Имаат многу повеќе добри отколку лоши страни, но секако дека ние ќе пробаме да ги искористиме нивните слаби страни, изјави репрезентативниот пикер од редовите на битолскиот тим Самоил Ристевски.

Поддршката за тимот од трибините е секогаш добредојдена, а тоа го знаат и ракометарите на Еурофарм Пелистер. Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот, а се игра во салата „Боро Чурлевски“

Поврзани вести