Skip to main content

Две изведби на претставата за деца „Трнорушка“: Гостување на Кумановски театар во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“

Две изведби на претставата за деца „ТРНОРУШКА“. Гостување во Гевгелија, по повод – Гевгелија град на култура 2025 година. Благодарност до најмладата публика.

Претставата „Трнорушка“ во режија на Бојана Краљевска, продукција на Театар Куманово, гостуваше на сцената на Театарот во Гевгелија.  Во магичната бајка на браќата Грим играат: Нина Максимова, Сања Русеска, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ и Давид Илиќ.

Ве очекуваме, драга публико. И вас помладите и вас повозрасните. Да ја видите приказната за љубовта, за убавото. Иако ќе биде исполнета клетвата на лошата самовила Лошка, сепак љубовта победува – велат организаторите.

Сценографијата е на Крсто Богојевски, а изработката на костимите – на Дарко Илиевски.

фото: Димитар Новаков

Поврзани вести