
Струмичанец пријавил дека во дворот пронашол коски кои наликувале на човечки останки.
Случајот во струмичката полиција бил пријавен вчера во 17:40 часот. Според пријавата, коските биле откриени на улицата „Солунска“, додека сопственикот вршел ископувања во дворот на куќата.
На местото веднаш излегла увидна екипа на СВР Струмица, која извршила увид. Пронајдените коски биле подигнати и предадени за понатамошна постапка и вештачење, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Засега нема официјална потврда дали станува збор за човечки коски. Тоа треба да го утврди вештачењето.

Македонски



