Skip to main content

Најмногу дожд во Струмица, најниска температура од нула степени на Попова Шапка

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврнал во Струмица, каде се измерени 25 литри на квадратен метар, додека минимална температура од нула степени е регистрирана на Попова Шапка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

По Струмица, најголема количина врнежи е измерена во Виница, 24 литри на квадратен метар, Демир Капија 20, Штип и Крива Паланка по 19, Гевгелија 18, Кавадарци 16, Претор 15, Битола и Крушево по 13, Велес 11, Прилеп 10, Тополчани осум и Попова Шапка седум литри на квадратен метар.

Минимална температура од два степени е измерена во Маврови Анови, четири во Крушево и Лазарополе, шест во Претор, Куманово и Прилеп, седум во Тетово, Берово, Крива Паланка, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Виница, Битола и Велес, осум во Кавадарци и Демир Капија, девет во Струмица и 10 степени во Гевгелија.

Поврзани вести