Skip to main content

Ученици фрлале со шишиња кон актерите за време на претставата „Бегалка“

„Моја Струмица“

Учениците од осмо одделение од Основните училишта ,,Видое Подгорец“ и ,,Сандо Масев“ од Струмица предизвикале инциденти во театарот „Антон Панов“, каде претставата ,,Бегалка“ се играла специјално за нив. Како што пренесува локалниот медиум „Моја Струмица“, осмоодделенците во текот на целата претстава се однесувале крајно недолично, со викање и недисциплина, со фрлање на шишиња кон сцената и актерите.

„Бегалка“ е задолжителна лектира за основците. Такво однесување на учениците е неосновано и недопустливо за сериозни образовни установи и треба да се преиспита целиот вредносен поредок на кој се темели нашето основно образование. Тоа е голем пропуст на целиот образовен систем, а посебно на одговорните наставници кои биле со учениците во театарот, велат од „Моја Струмица“.

Поврзани вести