
Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало, но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор. Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија, се вели во партиското соопштение.
Па сега, велат од ВМРО-ДПМНЕ, после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план.
Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев. Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси. А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите, потенцираат од партијата.

Македонски


