
Премиерот Мицкоски денеска рече дека е загрижен за состојбата со Алта банка во Србија и за македонските компании кои имаат соработка со српските. Потсети дека трговската размена меѓу Македонија и Србија е над милијарда евра и оти е многу важно нашите компании да немаат проблеми.
Мицкоски беше прашан дали може оваа политичка нестабилност во Србија Македонија да ја искористи и да придобие дел од инвеститорите кои најавија дека ќе си заминат од кај северниот сосед.
Еден од инвеститорите што си заминуваат од Србија ќе се пресели кај нас-најави премиерот.
Причини за заминување од Србија има повеќе а тоа се намалување или целосно скратувањето на субвенциите, порастот на платите за работниците, кризата во автомобилската индустрија како и несигурната политичка клима во земјата.
Засега заминување од Србија највија Дрекслермајер кој произведува кабли за автомобили, турскиот Теклас кој прави авто делови , Вели, италијански производител на чорали, како и текстилната компанија Астер.

Македонски



