Skip to main content

Издание достојно за Елисејската палата: Македонската претседателка во друштво на Емануел и Брижит Макрон

Фејсбук Гордана Сиљановска Давкова

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер, во Елисејската палата, присуствуваше на свечената вечера што во чест на шефовите на држави и влади ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, кој е иницијатор на Парискиот мировен форум.

Во пријателски амбиент, разговорите од Форумот продолжија, со осврт на дел од темите за коишто дискутиравме: мирот и геополитиката, животната средина и новите технологии, како и иднината на ЕУ, порача македонксата претседателка, која во француската престолнина изминатите денови беше дел од Парискиот мировен форум.

Од Париз, претседателката замина за Турција, каде денеска ќе учествува на лидерскиот самит во рамките на 31. конференција на страните (COP31) на конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени, што се одржува во Анталија.

Предвидено е таа да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе има билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Поврзани вести