Skip to main content

Скопјанка се обидела да подметне пожар со бензин, завршила со изгореници

Вчеравечер околу 20:40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од изгореници била донесена С.С.(32) од Скопје.

Според пријавеното, таа со изгорениците се здобила во с.Орешани, скопско, додека се обидувала да запали оган со бензин.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.    

Поврзани вести