
На маргините на Парискиот мировен форум 2026, остварив средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа, објави претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Со денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус очекувам да се продлабочи македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка, се истакнува во објавата на Фејсбук.
Претседателката додава дека размениле ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.
Се согласивме дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување, вели Силјановска Давкова во објавата.

Македонски



