
По враќањето во Македонија, здравствената состојба на малиот Дамјан нагло се влошила, поради што морал итно да биде хоспитализиран и опериран. Според објавата на неговите блиски, туморот е целосно отстранет, но момчето сега се наоѓа на интензивна нега.
Пред Дамјан претстои период на закрепнување, по што ќе треба да продолжи со нова серија хемотерапии. Во моментов е интубиран, а неговите витални органи се исцрпени по сите досегашни операции, терапии и патувања во борбата со болеста.
Неговото семејство подолго време минува низ тежок период исполнет со неизвесност, страв и болка. Преку објава упатија повик за поддршка, со надеж дека Дамјан ќе собере сила да ја продолжи борбата.
Ајде да не дозволиме малиот борец да се откаже. Ајде да му пратиме љубов и сила да истрае. Кој колку може! Донирајте! Споделете!, се наведува во повикот за помош.
Линк за донации:Линк за донации:

Македонски



