Skip to main content

Црвениот крст отвори сметка на која може да се уплатуваат донации за Гостивар

Црвен крст

Црвениот крст отвори сметка на која сите хумани граѓани ќе можат да им помогнат на жителите на Гостивар кои се соочуваат со епидемија откако беше утврдено дека водата не е за користење.

Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и неговото влијание врз нивното здравје и секојдневен живот, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително значење. Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во обезбедувањето на неопходната помош и полесно надминување на последиците од оваа состојба. Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и да придонесеме во обезбедувањето помош за настраданите семејства, велат од Црвениот крст.

Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во Гостивар.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Поврзани вести