Skip to main content

Барселона се засили со Адајеми

Барселона има нов фудбалер во своите редови. Каталонците попладнево објавија за договорена соработка со напаѓачот Карим Адејеми. Договорот важи до 30 јуни 2031 година.

Дваесет и четиригодишниот Германец доаѓа од Борусија. Неговиот договор со клубот од Дортмунд беше со важност до 30 јуни 2027 година.

Адејеми игра за Борусија од 2022 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна 10 гола и имаше шест асистенции во 39 натпревари.

Напаѓачот играше и за австриските клубови Салцбург и Лиферинг.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на германскиот репрезентативец на 40 милиони евра. 

Претходно, инсајдерот Флоријан Плетенберг објави дека трансферот на Адејеми во Барселона ќе биде 22 милиони евра