Skip to main content

Челопек ја менува трката во Брвеница: Радичевски води со 489 гласа, не се преброени уште четири места

Предноста на Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ значително се намали со пристигнувањето на новите податоци од Брвеница. Најновиот пресек на ДИК е од 21:30 часот, кога се обработени 20 од вкупно 24 избирачки места, односно 83,3 проценти.

Радичевски има 4.088 гласа, или 52,18 проценти, додека Аркин Јахиј од НАИ освоил 3.599 гласа, односно 45,94 проценти. Разликата меѓу кандидатите сега е 489 гласа. Во претходниот пресек, во 20:54 часот, Радичевски водеше со 1.904 гласа.

ДИК сè уште не ги обработила податоците од четири избирачки места. Три од нив се во Челопек — 2037/1, 2038/1 и 2039 — а едно е во Гургурница, избирачкото место 2036.

Бидејќи резултатите од преостанатите места сè уште не се внесени, конечниот исход останува неизвесен.

Поврзани вести