Skip to main content

Вечерва се отвора „Со сите наши чворови“ – изложба на Крсто Глигоријадис

Вечерва, со почеток од 20 часот во КОТУР ќе се отвори „Со сите наши чворови“ – изложба на Крсто Глигорјадис, чија кураторка е Наде Циева.

-Оваа изложба се надоврзува на делото „Распарчено тело“ на Глигорјадис, со тоа што ја материјализира метафичката и телесна траума преку визуелно и тактично доживување. Овие дела ја отсликуваат релацијата на телото со духот во потполност, прикажуваќи ја нивната спона, како и резултатот на нивното оттуѓување.

Крсто Глигорјадис е мултидисциплинарен уметник кој во својата пракса ги истражува темите за машкост, телесност и идентитет преку темелна анализа на нивната историја од денешна гледна точка. Неговиот истражувачки и креативен процес е интроспективен чијшто производ е анахрони и полисемични дела кои се темелат на побивање на општествените норми и очекувања.

-Делата на Глигорјадис и овозможуваат на публиката да се сретне со сопствените, скриени инхибиции преку чин, ритуал на соочување и константно преиспитување на истите. Овој ритуал на самооткривање вон општествените и временски рамки има цел на ослободување преку одмотување на чворовите.

Поврзани вести