
Музејот на македонската борба за самостојност ќе одбележи 15 години од основањето во четврток, 3 септември, со почеток во 19:00 часот.
Во чест на јубилејот ќе биде отворена ретроспективна изложба на плакати од реализираните изложби, како и презентација на избрани печатени изданија и каталози од изминатите петнаесет години.
Во рамки на програмата ќе биде прикажана и видеопрезентација со архивски материјали од досегашните активности, како осврт кон изложбената, издавачката и програмската дејност на музејот.
Јубилејот е потсетник на изминатите 15 години, вклучувајќи ги изложбите, проектите и соработките што ја одбележаа работата на музејот.
На свеченоста ќе бидат доделени благодарници на лица и институции кои во изминативе години ја помогнале и поддржале работата на музејот.

Македонски

