Skip to main content

Експлозивна направа пронајдена во Охридското Езеро кај Пештани

Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, 10 август, во 18:10 часот, во Регионалниот центар за гранични работи „Запад – Охрид“, А.С. од Охрид пријавил дека во езерото била пронајдена бомба.

За настанот била известена Дирекцијата за заштита и спасување, чии екипи треба да преземат активности за безбедно подигнување и отстранување на експлозивната направа.

Поврзани вести