Skip to main content

За брзо ќе профункционираат карго-превозот Прилеп – Битола и меѓуградската железничка линија, откри вицепремиерот Николоски

архива

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола и надвор од земјава, а и ќе се оспособи меѓуградскиот железнички превоз, но очекуваме да напреднат работите на автопатот Прилеп – Битола, особено кај желеничките премини. Ќе се превезува мермерот, изјави вицепремиерот Александар Николоски на денешното чествување на 11 октомври во Прилеп.

Во делот на каргото, веќе сме во финална фаза на почетокот на карго сообраќајот. Производите од мермер ќе одат преку карго-сообраќајот, а на тој начин ќе го заштитиме и патничкиот сообраќај. За брзо време очекувам да стартуваме со карго-сообраќајот, посочи Николоски.

Тој најави дека во следниот период очекува да почне да сообраќа и меѓуградски воз меѓу Прилеп и Битола

Во однос на поврзувањето на Битола со Прилеп со воз, а тоа е нешто што јас го ветив, таму, знаете, паралелно се гради автопатот Прилеп – Битола и со изведувачот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ имавме заедничка одлука да завршат целокупните активности кои се однесуваат на премостување на железничката пруга, а се однесуваат на неколку места, за кога ќе почне железничкиот сообраќај тој да не запира. И очекувам во следниот период да почнеме и со меѓуградски воз меѓу Прилеп и Битола, изјави во Прилеп вицепремиерот Александар Николоски.

Поврзани вести