Skip to main content

На „Табановце“ уапсен Босанец кој возел дупло повеќе од дозволеното на патот Катланово – Скопје

МИА архива

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце вчера го лишиле од слобода С.О.(39) од Босна и Херцеговина, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лицето, на патниот правец Катланово – Скопје, управувал патничко возило со брзина од 164 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани вести