Skip to main content

Винисиус пак прави проблеми

– Фудбалерите на Реал Мадрид со многу мака стигнаа до минимален триумф во дуелот од осмото коло од Ла Лига против Виљареал на домашен терен и уште еднаш сезонава си поиграа со нервите на навивачите. Единствениот гол на дуелот го постигна новото засилување Јан Диоманде во 62.минута.

Сепак во центарот на вниманието беше и поништениот гол на Винисиус во 70.минута, а потоа и црвениот картон (влечење за коса) како и неспортското однесување на играчот.

Фудбалерите на „кралскиот клуб“ пропуштија неколку шанси во вториот дел да дојдат до зголемено водство, но не беа прецизни.

За Реал Мадрид ова беше шеста победа, додека лидер на табелата е Барселона со максимални 24 бодови, а Атлетико Мадрид е втор со 19 бодови

Поврзани вести