Skip to main content

Стрим-платформата „Амазон прајм“ го презема пренесувањето на наградите „Еми“

Instagram / iemmys

За првпат во својата историја, доделувањето на наградите „Еми“ се сели од традиционалната телевизија на стрим-платформа, откако „Амазон прајм видео“ (Amazon Prime Video) ги обезбеди правата за емитување почнувајќи од 2027 година, соопшти американската Академија за телевизиски уметности и наука (Academy of Television Arts & Sciences).

Доделувањето на наградите в година ќе биде достапно за бесплатно гледање на стрим-пренос, без претплата, ширум целиот свет и ќе продолжи да се одржува во септември.

Договорот меѓу „Амазон“ и Академијата е склучен на период од шест години. Ова партнерство ќе овозможи „најважните ТВ-признанија да продолжат да се приспособуваат на променливиот медиумски пејзаж, прифаќајќи ја иднината на начинот на којшто публиката консумира квалитетна ТВ-содржина“, наведе Академијата.

Овој потег го менува долгогодишниот модел според којшто големите американски ТВ-мрежи „Еј-би-си (ABC)“, „Си-би-ес  (CBS)“, „Фокс (Fox)“ и „Ен-би-си (NBC)“ наизменично ја преземаа улогата на емитување на доделувањето на „Еми“ наградите.